1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крвава револуција во Јемен

Керстен Книп/бг24 март 2015

Борците на племето Хути освојуваат се поголема територија. Истовреме зајакнува и Исламската држава. Тие две групи се закануваат да ги загрозат и последните остатоци на државно уредување. Јемен е пред распад

https://p.dw.com/p/1Ew4y
Фотографија: Imago

Се чини дека терористичката организација Исламска држава добро зачекори и во Јемен. Нејзините припадници во бомбашкиот напад од минатата недела (20.03) убија повеќе од 140 Шиити за време на молитва во џамија. Беше тој најкрвав напад во историјата на земјата. Од друга страна, тука се и Хути, мнозинство Шиити, бунтовници кои го продолжуваат својот поход против државата- во петокот, по нападот на ИС врз нивните браќа по вера, Хутите извршија напад врз резиденцијата на претседателот Абед Мансур Хади кој кон крајот на јануари побегна во Аден, на југот на земјата. Непосредно пред тоа, Хади го прогласи градот Аден за нов главен град на Јемен. Пристигнуваат и вести дека бунтовниците напредуваат и кон југ. Минатиот викенд го зазедоа градот Таиз и се многу блиску до Аден.

Jemen Sanaa Selbstmordanschlag Moschee
Џамијата во Сана по терористичкиот нападФотографија: picture-alliance/photoshot

По Сирија и Либија, Јемен станува третата држава која поради револуцијата од 2011 година тоне во хаос и анархија. Она што почна како судир околу правото на заедничко одлучување и околу новите односи на силите на власт, прерасна во конфликт во кој сите страни поставуваа постојано нови барања и покажуваа се помала подготвеност на компромис.

Пропуштени можности

По обединувањето на земјата во 1990 година, делови од шиитските племиња на северот на земјата склопија сојуз за да се борат против растечкото влијание на централната влада во која доминираат Сунити. Во 2011 година ја поддржаа револуцијата против тогашниот претседател Али Абдулах Салих, но потоа беа исклучени од националниот дијалог за формирање на новата влада која беше именувана по паѓањето од власт на Салих. Кога во летото 2014 година беа објавени предлозите за новиот Устав, Хутите се побунија. Тие се спротивставуваа на предлогот за воспоставување на нова федерална структура со која е предвидено да добијат своја провинција, но без излез на море. Бунтовниците ги поддржа поранешниот претседател Салих, кој на тој начин се надева дека ќе успеа да го урне од власт својот наследник и повторно да седне во претседателската фотелја.
Најважните противници на бунтовниците од редовите на Хути, припадниците на сунитското движење „Харикат“ исто така беа исклучени од националниот дијалог. Харикат е движење од Јемен чии припадници живеат во јужните провинции. Како и Хутите, и тие себеси се сметаат за губитници поради обединувањето на земјата и затоа бараат отцепување на нивната провинција.

Infografik Politische Karte Jemen englisch
Инфографика: политичка карта на Јемен

ОН без влијание

Советот за безбедност на ОН му порача на претседателот Хади дека може да смета на поддршка на ОН. Но прашање е дали ОН воопшто можат да влијаат на судирот. Меѓународната заедница речиси и да нема никакво влијание врз актерите во судирот, објаснува Мареике Трансфелд, политиколог од берлинската Фондација за наука и политика.
„На кризата со политичко делување можат да и се спротивстават само актери од самиот Јемен. Воената интервенција однадвор, со оглед на комплексноста на судирот, само ќе ја влоши состохбата“, вели Трансфелд. Клучот, според јеменскиот публицист Азми Бишара, е во вклучувањето на Хутите во дијалогот за иднината на земјата, без притоа да им се дозволи да ја наметнуваат својата волја.

Опасност од џихадистите

Повод за вклучувањето во дијалогот на Хутите би можел да им пружи големиот отпор на населението. Откако протестите во 2011 година стивнаа, многумина сметаат дека сега доаѓа моментот за нивно продолжување. „Револуцијата продолжува и тоа со истите цели“, цитира телевизијата Ал Џазира едно момче кое демонстрира против Хутите. Важен фактор во сето тоа е и проценката на Хутите на опасноста од сунитските џихадисти. Агресивната терористичка келија на организацијата „Ал Каида на Арапскиот полуостров“ веќе подолго време е активна во Јемен. Сега изгледа дека се засилува и Исламската држава. Таа терористичка организација би можела да го прошири своето влијание за сметка на Ал Каеда.