1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Криза во Казахстан: Разнишан сојузникот на Москва

Роман Гончаренко
6 јануари 2022

Запалени полициски автомобили, упад во институции, истрели – Казахстан продолжува да тоне во хаос. Вториот најважен руски сојузник во постсоветско време долго време важеше за стабилна земја. Што се случи?

https://p.dw.com/p/45D0s
Almaty, Kasachstan | Schwere Unruhen
Фотографија: Valery Sharifulin/TASS/dpa/picture alliance

Ништо не навестуваше длабока криза, но тогаш сè се случи неверојатно брзо. Стотина луѓе протестираа минатата недела во градот Жангаозен на западот на Казахстан, против зголемувањето на цената на автогасот. Но, до оваа среда немирите се проширија низ целата земја и илјадници демонстранти излегоа на улиците. Протеститесе проширија и во најголемиот град и поранешен главен град, Алмати, каде е запалена и претседателската палата. Има извештаи за упад во институции, запалени полициски возила, разоружени полицајци, истрели и експлозии. Претседателот Касим Жомарт Токаев изненадувачки покажа разбирање за протестите и најави промени, а неговата влада даде оставка. Во некои региони е прогласена вонредна состојба, иако ситуацијата и понатаму останува нејасна.

Едно е јасно: ова е најголемата политичка криза во оваа централно-азиска република која досега имаше репутација на стабилна автократија. Последиците веројатно ќе се чувствуваат и надвор од границите на Казахстан, со оглед дека се работи за една од земјите кои се најтесни сојузници на Русија од постсоветските држави.

Раст на цените, недостаток на енергенси

Протестите започнаа на истото место каде пред точно десет години имаше немири. Жангаозен е град на западот од земјата, богат со нафта, каде во декември 2011 се случија досега најголемите немири во земјата. Повеќе од десет лица тогаш загинаа при задушувањето на протестите, а имиџот на Казахстан како мирна и умерена автократија почна да пука.

Kasachstan Protest
Жестоки протести и безредија какви што одамна немалоФотографија: REUTERS

Тогаш причина за протестите беа ниските плати. Овојпат екстремно зголемената цена на течниот гас на бензинските станици. Цената за популарното гориво во земјата од почетокот на годината е двојно зголемена. Владата која во меѓувреме е во оставка, овој потег го оправда со зголемената побарувачка и недоволното производство. Но, Казахстан подолго време е во криза, особено во енергетскиот сектор.  На пример, земјата минатата година не произведе доволно струја поради што често имаше принудни рестрикции. Казахстан доби дополнителна испорака на струја од Русија и планира изградба на прва атомска централа. Исто така пораснаа и цените на храната, поради што владата есеноска мораше да воведе забрана за извоз на говеда, ситен добиток, компири и моркови.

Земја во транзиција на власта

Кризата го погоди Казахстан среде политички трансфер на власта. Некогаш втората по големина советска република, речиси три децении беше автократски водена од првиот претседател Нурсултан Назарбаев. Поранешниот лидер на комунистичката република и партиски лидер, имаше силно влијание во земјата, но со помош на западни инвеститори во секторот за нафта и гас обезбеди релативна благосостојба. Назарбаев го промени и главниот град на земјата, и од Алмати на југот седиштето го пресели посеверно во новосонованиот град Астана, кој во меѓувреме беше преименуван во Нур Султан во негова чест.

Овој 81ß годишен политичар кој важи за владетел со најдолг стаж во постсоветскиот простор во март 2019 година најави оставка. Една од причините кои ги наведе во документарецот емитуван во декември е  нарушеното здравје. Според аналитичарите, со ова тој пред се сакал да се избегнат борбите за моќ околу неговото наследство.

Касим Жомарт Токаев стана нов претседател, но Назарбаев до неодамна држеше доста узди в раце. Како „Џелбаси“ (Водач на нацијата), поранешниот претседател остана на чело на моќниот Безбедносен совет и владејачката партија Нур-Отан. Дури во ноември 2021 Назарбаев најави дека ќе му го препушти и партиското водство на 68ß годишниот Токаев. Токаев пак го презеде раководството со Советот за безбедност во средата, во заднина на протестите.

Russland Moskau 2011 | Alexander Lukaschenko & Dmitri Medwedew & Nursultan Nasarbajew
Русија, Белорусија и Казахстан во 2010 година ја основаа царинската унија: Лукашенко, Медведев и Назарбаев во 2011 ставија потписФотографија: Dmitry Astakhov/AFP/Getty Images

Москва ја следи кризата во Казахстан

Планот на Назарбаев за постепен трансфер на моќта сега е под притисок и внимателно се следи од поранешните советски републики, пред се од Русија. Казахстан важи за вториот најзначаен сојузник на Москва во евроазискиот регион по Белорусија. По опозициските протести во 2020 во Белорусија, сега се тресе уште една клучна земја со која Москва има особено тесна економска и политичка соработка.

Русија, Белорусија и Казахстан во 2010 година ја основаа царинската унија - амбициозен проект на рускиот претседател Владимир Путин. Од тоа во 2015 година настаната Евроазиската економска унија, во која влегоа и Ерменија и Киргистан. Путин и Назарбаев имаа многу близок однос, а последен пат се сретнаа на самитот на ГУС земјите кој се одржа на крајот на декември во Санк Петербург.

Москва внимателно ja следи кризата во Казахстан. Министерството за надворешни во Москва повика на дијалог.

Но, воениот сојуз ОВКС, кого Токаев го замоли за помош, испраќа „мировни трупи“ во Казахстан. Војниците ќе имаат задача „да ја стабилизираат и нормализираат ситуацијата земјата“.