1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Криза во Словачка: Пелегрини нов премиер наместо Фицо

СН/ агенции
15 март 2018

Убиството на истражувачкиот новинар и неговата девојка ја турнаа Словачка во длабока криза. Премиерот Фицо сега треба да биде сменет од неговиот досегашен заменик. Нови избори барем засега се тргнати од дневниот ред.

https://p.dw.com/p/2uOYM
Slowakei stellvertretender Premierminister Peter Pellegrini
Фотографија: Reuters/D. W. Cerny

Лидерот на владејачката социјалистичка партија на Словачка, СМЕР, Роберт Фицо и целата влада денеска поднесоа оставки среде длабоката криза и демонстрациите по убиството на новинарот Коцијак, кој пишуваше за поврзаноста на луѓе блиски на Фицо со италијанската мафија.

Претседателот на Словачка Андреј Киска ја прифати оставката и мандатот за состав на новата влада му го довери на досегашниот вицепремиер за инвестиции и дигитализација и сопартиец на Фицо, Петер Пелегрини (насловна фотографија). Владата ќе ја сочинуваат истите три коалициски партнери како досега - СМЕР, Словачката народна партија и партијата на словачките Унгарци Мост-Хид, што беше еден од условите на Фицо да поднесе оставка. Покрај тоа тој побара неговата партија да има предност во добивањето на мандатот за составување на владата.

Slowakei Ministerpräsident Robert Fico
Роберт ФицоФотографија: Getty Images/AFP/V. Simicek

Повеќе:

-Словачка: Манекенка, мафија и висока политика

-Словачка - земја со „мафијашки структури“?

-Нови избори во Словачка по убиството на новинарот Куцијак?

Новиот мандатар на шефот на државата му донесе потписи на 79 од вкупно 150 словачки пратеници, кои ја поддржуваат одлуката на колициските парнери да се избегнат предвремени избори и старо-новата коалициска влада со нови министри на чело со Пелегрини да остане до истекот на мандатот во 2020 година.

Словачка по убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата девојка Мартина Куснирова пред три недели се наоѓа во длабока криза. Убиениот новинар во неговиот последен текст, објавен друи по неговото убиство на порталот aktuality.sk пишува за наводните врски преѓу партијата на Фицо и италијанската мафија. Фицо ги отфрли ваквите наводи и ја обвинин опозицијата дека ја користи смртта на двајца млади луѓе како средство за притисок.

Slowakei Ermordeter Journalist Kuciak beigesetzt
Фотографија: picture alliance/NurPhoto/B. Zawrzel

Инаку прв своевиден референдум за новиот шеф на владата Пелегрини ќе бидат утрешните протести, чии организатори порачаа дека не е доволно да си замине Фицо и неговите министри туку побараа вонредни избори.

Невладините организации и 140 уметници и други еминентни личности во Словачка денеска упатија апел насловен „Сакаме повторно да ѝ веруваме на државата“ во кој побараа од Пелегрини и идната влада поради убиството на Куцијак да ги сменат шефот на полицијата и специјалниот обвинител.