1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кризата во Украина ги приближува Германија и Кина?

Матијас фон Хајн/ Александра Трајковска 28 март 2014

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на својата европска турнеја е во посета на Берлин. Наместо како вообичаено за економски теми, овојпат ќе се разговара и за безбедносната политика - поради Украина.

https://p.dw.com/p/1BXbH
Фотографија: picture-alliance/AP

Германско-кинеските односи досега се дефинираа пред сѐ како економски односи. Годинешната размена на стока меѓу двете држави има волумен од околу 150 милијарди евра - речиси една третина од целокупната трговија на ЕУ и Кина. Факт е дека на првата посета на кинески претседател и шеф на партијата на Германија по осум години, Си Џинпинг е придружуван од околу 200 стопанственици.

Сепак акцентот на оваа посета не е на економските теми. Прашањата од светската и безбедносната политика се поместија во фокусот, појаснува Себастијан Хајлман од берлинскиот Меркатор-институт за студии за Кина. „Тоа е новина за германско-кинеските односи“.

Главна причина за оваа промена е кризата во Украина и руската реакција. Кина не е согласна со чекорите кои ги презема Москва на Крим. Принципите за територијален интегритет и немешање во внатрешните работи на други држави се едни од основите на кинеската надворешна политика. Со оглед на силните автономни движења на Тибет, Ксинџијанг или Тајван на кинеската влада не ѝ користи идејата за референдум.

Symbolbild Russland Krim Krise
И Пекинг гледа кон КримФотографија: picture-alliance/dpa

Поголем простор за соработка

Од аспект на многу тесните руско-кинески односи познавачот на Кина, Хајлман во разговор за Дојче веле вели дека не очекува Кина отворено да се дистанцира од руските позиции, но: „Имаме знаци за тоа дека односите со Русија чкрипат“. Оттука се отвора поголем простор за соработка со Кина, кој германската влада го скенира. Берлин сака да ја придобие Кина за западните позиции и работи на тоа масовоно да влијае врз Русија. Неодамна кинеската влада на Националниот народен конгрес се произнесе дека Кина глобално сака да преземе поголема одговорност. Исто така Пекинг уште еднаш изрично се произнесе за почитување на меѓународното право.

Хајлман, со оглед на ваквата стартна позиција, гледа големи шанси: „Кина зад кулисите има шанси да каже дека поделбата на Источна Европа, поместувањето на територијалните граници не се во интерес на Кина. Туку дека таму мора да владее стабилност, дека мора да се стремиме кон заеднички развој на спорните области, во меѓународно-правни рамки и со помош на ММФ“. За сите овие цели, вели Хајлман, Кина веќе се произнесе.

Стратегиско партнерство

Германско-кинеските односи се блиски, тие се подигнати на ниво на стратегиско партнерство. На околу 70 официјални форуми за дијалог се надополнуваат и годишните владини консултации на кои се потпишуваат голем број билатерални договори.

Германија во Кина ужива извореден углед како доверлив партнер и се смета за „Портата кон Европа“.

Frankreich China Präsident Xi Jinping bei Francois Hollande in Paris
Пред посетата на Берлин, кинескиот претседател во Париз се сретна со францускиот претседател ОландФотографија: Reuters

Со оглед на тоа што станува збор за државна посета, кинескиот претседател ќе биде примен од претседателот Јоахим Гаук. Кинескиот претседател Си Џинпинг истовремено е и шеф на партијата и најважниот политичар во Кина, поради што ќе води разговор и со канцеларката Ангела Меркел. На вториот ден од државната посета Си во покраината Севера Рајна Вестфалија ќе се сретне и со вицеканцеларот и министрер за стопанство Зигмар Габриел.

Темата човекови права

Само неколку денови по посетата на Си Џинпинг во Берлин ќе биде отворена најголемата изложба на кинескиот уметник Аи Веивеи. Најверојатно уметникот нема да присуствува, критикува Нора Заузмикат од келнската фондација Куќата на Азија во разговор за ДВ. „Бидејќи нему сѐ уште не му е врачен неговиот пасош, кој му го одземаа, кога беше уапсен пред три години“.

Ai Weiwei 25.03.2014
Уметникот Аи ВеивеиФотографија: picture-alliance/dpa

Фондацијата Куќата на Азија затоа од Ангела Меркел бара на средбата со кинескиот претседател да се заложи за слобода на патување за Аи Веивеи. Воопшто оваа фондација смета дека по преземањето на власта на новиот кинески шеф на партијата пред една година има јасни укажувања за цензура и заострен третман на активистите на цивилното општество. Заузмикат затоа очекува канцеларката јасно да се заземе за слободата на говор и мислење.

Во случајот со Аи Веивеи се чини дека е можно да дојде до придвижување од кинеска страна, анализира познавачот на Кина, Хајлман. Строгиот однос кон уметникот беше воведен од претходната влада. Оттука сегашната администрација има простор за делување, со оглед на тоа што нема судски одлуки против Аи Веивеи.