Куба со свои вакцини против Ковид-19
21 август 2021Комбинација од две дози од вакцината Соберана 02 и една доза Соберана Плус во тест-фазата спречуваа симптоматско заболување од 91%, соопшти кубанската влада. Поради тоа, државниот Центар за контрола на лекови и медицински апарати (ЦЕЦМЕД), како што се вели, дал итна дозвола за вакцините.
Вакцината Соберана 02 е развиена заедно со Иран. Таму средството има исто така добиено итна дозвола, но под името „Пастерковак“.
Кубанската вакцина Абдала, која доби дозвола на 9 јули, е првата вакцина развиена во Латинска Америка која има добиени дозвола за употреба против коронавирус. Абдала и Соберана се т.н. протеински вакцини. Тоа значи дека содржат делче од протеинот од врвот на вирусот кој се закачува за човековите клетки. Тој се закачува за рецепторот на вирусниот протеин, и со тоа предизвикува имунолошка реакција. Куба има големо искуство во развој на вакцини, но досега нема независна проценка на истражувањата на кубанските Ковид-вакцини.
До 18 август земјата со 11,2 милиони жители имаше инјектирано 12,3 милиони вакцини. Сепак, бројот на заразени од јули почна да се зголемува поради Делта-сојот. Во последно време Куба регистрира по дури 10.000 заразени на ден. Во некои провинции дојде дури и до недостиг на кислород за Ковид-пациентите. Освен тоа, со оглед на тоа што земјата е во длабокаекономска криза, има и недостиг на лекови и друга медицинска опрема. Тоа беше една од причини за масовните протести против владата на 11 јули.