1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ладење на простории со помош на сонцето

23 јули 2009

Во лето, кога е многу жешко речиси секој вклучува клима-уред. Но, така се троши многу струја. Решението гласи: ладење на зградите со термичко користење на сончевата енергија. Германски фирми произведуваат вакви машини.

https://p.dw.com/p/IvB0
Сонцето не само што не грее, туку може и да не лади!Фотографија: AP

Во болницата Рајнек во Берлин, на одделот за радиологија се наоѓаат огромни апарати, како компјутерски томограф или томограф со магнетна резонанца, кои трошат многу електрична енергија. Магнетот на томографот со магнетна резонанца работи исклучиво на минус 273 степени целзиусови. Тој се лади со течен хелиум, чија пумпа постојано работи, објаснува радиологот, доктор Маргит Рајхел: „Ова е пумпата што постојано го лади магнетот. Доколку се појават проблеми, магнетот може да го загуби своето дејство и да се расипе. Затоа е важно да ја имаме оваа студена вода.“

Студената вода веќе една година се добива на соларен начин

Wassertropfen - Tag des Wasser
Топлата вода преку специјална машина се претвара во студенаФотографија: dpa

Имено, топлата вода, што се добива од десетте соларни колектори што се поставени на покривот од болницата, се претвара во студена вода од машината, наречена абсорбирачка машина за ладење, на фирмата „Зонен клима“. Фолкер Клаус, инженер-раководител на проектот, отвора еден син метален контејнер: „Топлата вода ја создава погонската енергија за машината за ладење. Водата испарува, а од испарувањето се создава студен ефект. Тоа е исто кога држите влажна рака на ветер. Водата испарува и раката се лади. Потоа, како во нашиов случај, студениот воздух треба да се искористи во пракса. Низ цевките за размена на топлина тече студена вода, а вентилатор потоа студениот воздух го уфрла во просториите“.

Едноставно кажано: постројката функционира исто како фрижидер

Електричната енергија што му е потребна да работи не доаѓа од електричната мрежа, туку од сончеви колектори. Тие ја затоплуваат течноста на 60 до 90 степени и со оваа енергија во машините за ладење се произведува студена вода меѓу 6 и 15 степени: „Со еден киловат топлинска енергија, што го имаме на располагање можеме да произведеме 700 до 800 вати енергија за ладење. Коефициентот на перформансите е многу висок. Тоа е многу блиску до теоретскиот максимум, со што сме отидени многу напред“, вели Клаус.

Единствен негативен ефект се големината и тежината

14.08.2008 DW-TV Journal Wirtschaft Minireportage Solar
Соларната технологија решение за се’!Фотографија: DW-TV

Машината за производство на студен ветер тежи околу половина тон. Згора на тоа доаѓаат уште контејнерот, резервоарот за вода и помеѓу 30 и 60 квадратни метри површина со колектори. Трошоците за сето ова изнесуваат 30 до 40.000 евра. Машината се користи пред се’ во згради со канцелариски простории, лекарски ординации каде што треба да се ладат големи компјутери, сервери или пак технички простории. Многу полесни и покомпактни се машините, што работат на абсорбирачка теннологија, од фирмата „СорТех АГ“ од Хале: „Овде гледате машина со големина колку домашна машина за перење алишта, можеби само малку подолга. Таа тежи 250 килограми и произведува осум киловати енергија за ладење. Ова е доволно да се ладат простории од 150 до 200 квадратни метри. Тоа зачи дека машината можете да ја поставите во семејна куќа и таа ќе го лади воздухот“, објаснува Валтер Облин, претседател на одборот во фирмата „СорТех“.

Првата верзија беше претставена на почетокот на годинава

Фирмата е единствена во светот што својот производ, т.н. абсорбирачка машина на студен воздух со „помала јачина“, го пласираше минатата година на пазарот. Машината е наменета за поголеми куќи, службени простории и поткровни станови и чини 10.000 евра: „Машините што досега ги продадовме и ги инсталиравме се во Германија. Но, наша цел се пазарите во земјите каде е потопло, како Шпанија, Австрија или Италија. Неодана продадовме ваква машина и во Јордан. Има голем број заинтересирани земји од Средниот Исток “, објаснува Валтер Облин од фирмата „СорТех“.

Во секој, случај д-р Маргит Рајхел од клиниката во Берлин не се кае што инвестирале во ваков клима уред: „Пресметавме дека со оваа машина заштедуваме 700 евра месечно за електрична енергија, што ја трошиме за класичните клима уреди. Тоа годишно изнесува 25 проценти помалку трошоци за струја. Сетам дека навистина се исплати.“


Автор: Лидија Хелер / Бисера Огњановска-Митров

Редактор: Александра Трајковска