1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лета со екстремни температури ќе има сѐ почесто

ЕМФ
26 јули 2019

Топлотниот бран е резултат на промените на климата, оцени германската министерка за екологија, Свенја Шулце. Експертите предупредуваат дека вакви лета ќе има сѐ почесто.

https://p.dw.com/p/3Mm8T
Sommerhitze in Europa - Bonn
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

„Толкава зачестенот (на топлотни бранови) не е нормална“, оцени германската министерка за екологија Свенја Шулце за „Пасауер нојен пресе“. Според нејзе, огромните температури на коишто сме сведоци во моментов соодветствуваат „точно на она што за Германија го предвидуваа истражувачите на климата“.

Министерската смета дека поради промените на климата „ваквите топлотни бранови во иднина ќе зачестат“, а ист став имаат и метеоролозите.