Локални избори во десет покраини
25 мај 2014Граѓаните во покраините Северна Рајна Вестфалија, Баден Виртемберг, Рајнланд Пфалц, Хамбург, Брандебург, Саксонија Анхалт, Саксонија, Тирингија, Мекленбург Предна Померанија и Саарланд, денеска (25.05) одлучуваат за тоа кој ќе ги води на локално ниво. На изборите се повикани околу 39 милиони луѓе со право на глас.
Денеска се гласа за општински и градски совети, совети на ниво на региони, а во многу места се избираат и градоначалници. Локалните избори во покраините Саксонија, Тирингија и Бранденбург важат како прв тест на расположението на избирачите пред одржувањето на покраинските избори во август и септември. Резултатите во најголем број случаи ќе бидат познати утре, со оглед на тоа што прво ќе се пребројуваат гласовите дадени на европските избори, кои течат паралалено.