1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон има термин за излез од ЕУ

ЕМФ /агенции
10 ноември 2017

Терминот е познат: Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март 2019 година. Точниот датум треба да биде запишан во закон, вели британската влада.

https://p.dw.com/p/2nP36
Brexit Uhren Symbolbild Countdown
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Rain

Датумот за излез од Европската Унија е 29 март 2019 година, затоа што тогаш завршува двегодишната фаза на преговори за „разводот“. Меѓутоа, 29 март 2019 година сѐ уште не се појавува во ниту еден закон. Тоа треба да се промени и точниот термин за излез, заедно со часот (23 часот по локално време, односно полноќ по средноевропско време) ќе биде ставен во дополнителен член на законот за Брегзит кој во моментов се разгледува од страна на парламентот во Лондон, објасни надлежниот министер Дејвид Дејвис.

Претходно, британските парламентарци изразија загриженост поради фактот што во законот досега не е ставен точен датум за излегување од Унијата. Застапниците за Брегзит веќе сега стравуваат дека поради разговорите кои не се одвиваат со доволно брзо темпо, би можело да дојде до одолговлекувања и одлагања. Парламентот би требало да расправа за промена на предлог-законот за Брегзит наредната недела. До конечното гласање веројатно ќе поминат повеќе месеци.

Brüssel EU Brexit PK David Davis und Michel Barnier
Главните преговарачи за Брегзит: Дејвид Дејвис и Мишел БарниеФотографија: Reuters/F. Lenoir

Во Брисел вчера почна шестата рунда разговори за Брегзит. Разговорите меѓу претставници на Лондон и на ЕУ наместо вообичаено четири, ќе траат само два дена. Еден од главните проблеми во разговорите се финансиските барања на ЕУ, кои според претседателот на Европскиот арламент, Антонио Тајани, се проценуваат меѓу 50 и 60 милијарди евра.