1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лукративна посета на Трамп на Кина

ЕМФ /агенции
9 ноември 2017

САД и Кина договорија зделки тешки милијарди долари. За време на посетата на американскиот претседател Трамп на Кина стана збор и за „сите светски проблеми“.

https://p.dw.com/p/2nKKp
China USA Donald Trump & Xi Jinping in Peking
Фотографија: Getty Images/T. Peter

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано го критикува големиот трговски дефицит меѓ САД и Кина. Сега може да биде малку потивок - американските фирми во Пекинг склучија договори во обем од околу 250 милијарди долари. На пример, кинеската телевизија јави дека Боинг склучил договор од 37 милијарди долари, додека Џенерал Електрик, според сопствени наводи, склучил договори во висина од 3,5 милијарди долари. Производителот на чипови Квалком пак, ќе им испорачува делови на три кинески производители на мобилни телефони, наведе американското Министерство за надворешни работи.

Претседателите на Кина, Ши Џинпинг и на САД, Доналд Трамп, се договориле за потесна соработка и во политичката сфера. Според Трамп, двете држави се во состојба да ги решат проблемите во светот. Тој и Ши се уверени дека „решение“ има и за Северна Кореја. САД бараат од Кина да изврши поголемо влијание врз Северна Кореја, со цел да го одврати комунистичкото раководство во Пјонгјанг од курсот на конфронтација, Кина би можела да го реши проблемот „едноставно и брзо“, изјави Трамп, со што го зголеми притисокот врз Пекинг. „Ако тој (Ши) работи многу на тоа, ќе успее“, уверен е американскиот претседател.

China USA Donald Trump & Xi Jinping | Treffen mit Wirtschaftsführern in Peking
Трамп и Ши на средба со стопанствениците во ПекингФотографија: Reuters/D. Sagolj

Кинескиот претседател, пак, рече дека и натаму се држи до целта да го направи Корејскиот Полуостров зона без нуклеарно оружје.

Трамп со сопругата Меланија во Кина останува до петок. Американскиот претседател е на двонеделна турнеја во Азија. Кина, по Јапонија и Јужна Кореја, е негова трета станица.