1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија доби кандидатски статус

Елена Петреска17 декември 2005

Европската унија на Македонија официјално и одобри статус на земја кандидат за членство во Унијата.

https://p.dw.com/p/AcAQ
Тони Блер ја потврди одлуката за Македонија
Тони Блер ја потврди одлуката за МакедонијаФотографија: AP

Македонија постигна забележителни резултати во исполнувањето на политичките и економските критериуми, се вели во завршниот документ од Самитот на Европската унија во Брисел.

Европските лидери расправаа до рано изутринава, кога на прес конференција се објавија заклучоците од Самитот, при што британскиот премиер и претседавач со Унијата Тони Блер ја потврди и одлуката за Македонија.