Проширувањето на ЕУ не треба да запре по приемот на Бугарија и Романија - гласи заедничката порака на македонскиот и хрватскиот премиер, Владо Бучковски и Иво Санадер. Меѓу Македонија и Хрватска нема отворени прашања. Санадер во Скопје постави барање за ист третман на Хрватите во Македонија каков што имаат Македонците во Хрватска.