1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малите партии влегуваат во ЕУ - парламентот

АТ/ дпа25 мај 2014

Малите партии од Германија имаат шанси да бидат застапени во Европскиoт парламент. Германскиот Уставен суд минатата година го укина прагот од минимум освоени три проценти гласови.

https://p.dw.com/p/1C6fL
Фотографија: picture-alliance/ZB

На изборите за Бундестагот тие најчесто играат споредна улога и се сублимираат како „Останати“, меѓутоа на ЕУ изборите малите партии од Германија овојпат имаат шанса да влезат во ЕУ парламентот, бидејќи германскиот Уставен суд во 2013 година го укина прагот од 3 проценти освоени гласови.

Според сегашните прогнози, малите партии: Слободни гласачи, Партијата на пиратите, Партијата за семејство, Партијата за заштита на животните или десно-екстремната НПД можат да се надеваат дека ќе добијат по едно пратеничко место во Европскиот парламент.

Гледано на долг рок, гласовите за овие партии се во пораст. Во 1979 година за малите партии гласаа 0,8 проценти, додека во 2009 година за нив се изјаснија 10, проценти од гласачите.