Се чекаат вакцини од Бугарија и од Грција
31 мај 2021Во моментов, во земјава има уште 5.000 вакцини наменети за граѓани кои треба да ја примат првата доза. Останатите се наменети за ревакцинација која се врши во сите пунктови низ земјава. Оваа недела се очекува да стигнат донации од Бугарија и Грција, со што ќе продолжи масовната вакцинација на населението во Северна Македонија. Поголемата количина на кинеските вакцини „Синовак“, коишто беа најавени, не се знае кога ќе пристигнат во земјата.
„Секој понеделник стигнуваат нови количини на ‘Фајзер‘, а неделава очекуваме 50.000 вакцини од Бугарија и 20.000 Грција, кои најверојатно ќе бидат од ‘АстраЗенека‘. Немаме точен датум кога ќе стасаат 500.000 вакцини од ‘Синовак‘, кои беа најавени за почетокот на јуни“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче на воената вежба „Одлучен удар 21“ на Криволак.
Според надлежните вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 315.781 дози вакцини, а ревакцинирани се 81.273 граѓани.Во сабота вкупно се вакцинирале 10.792 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 597 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 431.770 граѓани. Со последните бројки 47% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 41% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.