1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мачно финале на италијанскиот Куп во Рим

ЖА/дв/макфакс/афп/ртре4 мај 2014

Големиот фудбалски настан се претвори во скандал: во безредијата и престрелка пред натпреварот меѓу Фиорентина и Наполи се повредени најмалку десет навивачи. Наполи, клубот на Горан Пандев, го освои Купот.

https://p.dw.com/p/1BtWm
Фотографија: Reuters

Италијанскиот фудбалски клуб Фиорентина во натпреварот на финалето, засенет од насилство, ја пропушти својата прва титула по речиси 15 години. Тосканците во финалето загубија од тимот на Наполи со 1 спрема 3.

Финалниот натпревар на фудбалскиот Куп на Италија меѓу Наполи и Фиорентина во Рим започна со 45 минути задоцнување бидејќи тројца навивачи на наполитанците беа ранети со истрели од огнено оружје а еден се наоѓа во критична состојба, објави римската полиција. Судирите меѓу ривалските навивачки групи се одигруваа кај Тор ди Квинто, но полицијата тврди дека пукањето не е поврзано со поголемите безредија. Според првичните сознанија, во пукањето биле инволвирани припадници на радикалните навивачки групи од Рим, а навивачите на Фиорентина не се вклучени во овој инцидент. Навивачите на Наполи во знак на протест не ги извадија своите транспаренти и одбија да ги пеат навивачките песни по влегувањето на стадионот. Следеа долготрајни преговори за тоа дали воопшто да се одигра мечот, во кои капитенот на Наполи, Марек Хамшик, мораше да ги уверува навивачите на својот клуб да дозволат да се одигра натпреварот.

Fußballspiel Florenz Neapel
Фотографија: Reuters

Во преговорите со навивачите на двата клуба покрај капитените на екипите и челниците на фудбалската федерација на Италија, учествуваше и премиерот Матео Ренци кој беше присутен на трибините на Олимпико. Ренци до стапувањето на премиерската функција беше градоначалник на Фиренца и е познат како голем навивач на Фиорентина. Според различни извори, во судирите се повреден шест, односно десет лица.