Меркел го проширува „чадорот за спас“
28 август 2011Меркел смета дека ќе ги убеди мнозинството пратеници од владејачката коалиција (ЦДУ/ЦСУ и ФДП) во неопходноста од тој чекор.Во интервју за весникот „Билд ам зонтаг“, германската канцеларка подвлекува дека целта е заеднички да се зацврсти стабилноста на еврото. Истовремено, Меркел се спротивстави на стравувањата дека европската должничка криза може да доведе до зголемена инфлација. Не постојат никакви идникации за тоа, смета Меркел, додавајќи дека Европската централна банка и натаму успешно ќе се справува со поскапувањата. Што се однесува до заедничките евро-обврзници, Меркел остана на својот став дека тие не се потребни. Според канцеларката, тие само ќе им олеснат на земјите да прават уште повеќе долгови.
Кабинетот на Меркел в среда (31.08) ќе гласа за зголемување на средствата во европскиот „чадор за спас.“ Бундестагот и Бундесратот ќе се изјаснат за предлогот на крајот од септември.
Автор: ТТ/дв
Редактор: Е.М.Фиданоска