1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел и Зехофер постигнаа компромис

ЖА / агенции
2 јули 2018

Сестринските германски партии ЦДУ/ЦСУ постигнаа компромис во спорот околу азилот и планираат подигање транзитни центри на германско-австриската граница за бегалците кои се веќе регистрирани во други ЕУ-земји.

https://p.dw.com/p/30hmT
Berlin Asylstreit - CDU/CSU-Beratungen Verkündung Einigung
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. Nietfeld

Во договорот кој го постигнаа ноќва партиите од Унијата, ЦДУ и ЦСУ, предвидено е барателите на азил од транзитните центри да бидат враќани директно во земјите каде се првично регистрирани при влезот во ЕУ. Шефот на Христијанско-социјалната унија и сојузен германски министер за внатрешни работи, Хорст Зехпфер, кој претходно најави своја оставка при ескалацијата на кавгата околу азилот, сега сака да остане на министерската функција. Германската канцеларка и шефица на Христијанско-демократската унија, Ангела Меркел, изјави дека „компромисот е навистина добар.“

Пред новинарите во Берлин, по повеќечасовни советувања на највисоките партиски раководства на ЦДУ и ЦСУ, Хорст Зехофер реќе: „Имаме јасен договор за тоа на каков начин во иднина ќе ја спречуваме илегалната миграција на границата помеѓу Германија и Австрија.“ Според него,  договорот е иднински ориентиран и трајно спроведлив. Постигнатиот компромис му овозможува и натаму да остане на функцијата министер за внатрешни работи, рече Зехофер.

Повеќе:

Германија: Политиката во самоуништувачки модус

Гротескна политичка драма во Германија

Жестоката борба меѓу ЦДУ и ЦСУ ја предизвика инсистирањето на Зехофер, бегалците кои се веќе регистрирани во други земји-членки на ЕУ, да бидат враќани при влезот на германските граници. Меркел ја отфрли оваа унилатерална мерка и се залагаше за заедничко европско решение, за што се трудеше да најде поддршка кај ЕУ-партнерите на последниот самит на Унијата во Брисел. 

„Уште еднаш се покажа дека борбата за некое убедување е исплатлива,“ рече Зехофер. По кризната средба на партиските врвови на ЦДУ и ЦСУ, следи и состанок со првите луѓе на СПД. Поради кавгата во Унијата, во опасност беше доведено не само нејзиното единство во Бундестагот, туку и опстанокот на целата владина голема коалиција.