Меркел импресионирана од реформите на Италија
29 август 2012Опсежната реформска агенда на владата во Рим е импресивна и ќе вроди со плод, изјави денеска (29.08.) германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, по разговорите со италијанскиот колега Марио Монти. Според шефот на италијанската влада, неговата земја во изминатите седум до осум месеци остварила голем напредок во реформските напори и штедењето. „Пазарите се на пат да го признаат овој успех“, рече Монти во Берлин.
Доказ за тоа би требало да биде и продажбата на државни обврзници - каматите за италијанските обврзници вчера беа пониски. Сепак, тоа веројатно повеќе се должи на најавата на претседателот на Европската централна банка Марио Драги дека банката повторно ќе почне со програмата на купување државни обврзници доколку тоа придонесе за стабилизација на високо задолжените евро-држави. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска констатираше дека разликата во висината на каматите за германските и за итлаијанските обврзници во моментов е голема и дека италијанскиот реформски курс е важен придонес за опаѓање на каматите.