1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел: Решение на спорот за името е историска шанса

ЕМФ
9 јануари 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел со оптимизам гледа на договорот за решавање на спорот за името.

https://p.dw.com/p/3BG9M
Berlin - Kanzlerin Merkel empfängt Mazedoniens Regierungschef Zaev
Германската канцеларка Ангела Меркел и македонскиот премиер Зоран Заев (архива, 21.02.2018, Берлин)Фотографија: Reuters/A. Schmidt

Решението на спорот за името е историска шанса, изјави денеска во Берлин портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт. Еден ден пред патувањето на германската канцеларка во Грција, Зајберт нагласи дека Ангела Меркел е оптимист во врска со можното решение на спорот за името. 

Ова е вторпат во период од неколку дена официјален Берлин да се изјасни околу Договорот од Преспа и надминувањето на спорот помеѓу Македонија и Грција. На владината прес-конференција пред неколку дена, заменикот портпарол на Владата, Мартина Фиц на прашање на Дојче веле рече дека смета оти канцеларката Меркел за спорот за името ќе разговара со грчките претставници во Атина. Таа додаде дека германската влада го поздравува договорот за решение на спорот и дека се надева оти со него може да биде надминат деценискиот спор. 

Повеќе:Меркел го храбри Заев: Парламентот да одлучи за уставните измени 

Германската канцеларка во Грција ќе престојува утре и задутре, а ќе води разговори со грчкиот премиер Алексис Ципрас, како и со претседателот Прокопис Павлопулос и опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис. Освен тоа, Ангела Меркел ќе има заеднички појадок со претставници од културата, науката, економијата и публицистиката во Грција, а ќе посети и германско училиште во Атина и ќе положи венец на Гробот на незнајниот јунак на плоштадот Синтагма.