Руте не успеа да ја посети мајка си на смртна постела
25 мај 2020Руте денеска соопшти дека неговата 96-годишна мајка починала во старечки дом во Хаг на 13 мај, речиси два месеци откако неговата влада воведе рестриктивни мерки поради пандемијата на коронавирусот. Согласно тие мерки беше забранета посета на старечки домови и домови за нега на стари лица.
„Премиерот ги почитуваше сите директиви“, изјави портпаролот на Руте, објаснувајќи зошто премиерот не ја посетил својата мајка пред смртта.
Мајката на Руте не почина од коронавирус, иако во нејзиниот дом се појави вирусот.
„Се простивме од неа во кругот на семејството и се надевам дека ќе бидеме во можност да се справуваме со загубата во мир“, изјави Руте.
Од денеска, холандските власти дозволија поединечни посети на старечките домови. Во земјата досега се регистрирани над 45 илјади заразени и 5,800 смртни случаи од коронавирусот.