Ден на слободата на печатот: апсени, мачени, убивани
3 мај 2017Реклама
Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Во продолжение правиме пресек на само мал дел од новинарите кои последниве години беа жртви на убиства, закани, малтретирање и вербални напади. Меѓу нив и македонскиот новинар Томислав Кежаровски. Организацијата Репортери без граници и годинава ја смести Македонија на европското дно според слободата на медиумите.