1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меј бара од ЕУ да ѝ излезе во пресрет

СН/ агенции
19 септември 2018

Британската премиерка се обидува да внесе нов импулс во преговорите за Брегзит. Сега откако Обединетото Кралство натамошно ја разви својата позиција, ЕУ мора да го стори истото, смета Меј.

https://p.dw.com/p/359DP
Theresa May
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Dunham

Британската премиерка Тереза Меј ги повика лидерите од ЕУ да направат повеќе отстапки во тешките преговори за Брегзит.

Меј во колумна во германскиот весник „Велт“ пред вечерашниот состанок со лидерите од ЕУ во Салцбург повика да се пронајде заеднички јазик во преговорите за Брегзит.

Таа побара лидерите на членките на Унијата да го омекнат ставот за прашањето околу ирската граница, иако општиот тон на колумната е помирлив.

„Ниту една страна не може од другата да бара нешто неприфатливо, како што се надворешни царински граници помеѓу разни делови во Велика Британија“, наведе Меј, мислејќи притоа на можноста царинските прописи во Северна Ирска да бидат поинакви од остатокот на Обединетото кралство.

UK Brexit | Grenze in Irland
Фотографија: picture-alliance/empics/N. Carson

Главниот европски преговарач за Брегзит, Мишел Барние, рече оти ЕУ е подготвена да изнесе нов предлог за ирската граница.

Повеќе:

-Тереза Меј: „Или мојот договор за Брегзит, или нема договор“

-Брегзит без договор нема да биде „крај на светот“

-Страв и ужасеност од тврд Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј пред состанокот во интервју за Би-Би-Си изјави дека е вознемирувачка приказната за нејзината политичка иднина по преговорите со Брегзит, но оти сега вниманието треба да биде насочено кон иднината на Велика Британија.

Конзервативната партија на Тереза Меј е поделена околу Брегзит, бидејќи некои од нејзините влијателни членови се залагаат за целосен прекин на односите со Унијата и разгледуваат смена на премиерката.

Меј оцени дека разговорите за раководството на партијата им одмагаат на преговорите за Брегзит.

„Малку ме вознемируваат, но дебатата не се води за мојата иднина, туку за иднината на народот во Велика Британија и за Велика Британија“, изјави Меј.

Таа порача оти сега сите би требало да бидат фокусирани на иднината на Велика Британија.