Митови и факти за германските автопатишта
Законот за воведување на патарини на германските автопатишта ја мина и последната пречка. Иако Германија повеќе нема да може да се фали како единствена земја без патарини, патиштата нема да загубат на атрактивност
Најстариот автопат
Берлинскиот АВУС се смета за најстар автопат во Германија. Изграден е меѓу 1913 и 1921 година. Во тоа време, бил со должина од само 10 километри. Поради неговата должина многумина го нарекуваат АВУС прототип на автопат.
„Пат само за возила“
Првиот „вистински“ автопат во Германија бил пуштен во употреба на 6 август 1932 година и ги поврзувал Келн и Бон. Буквално преведен, автопатот официјално бил наречен „пат само за возила“. Денес, оваа делница е дел од автопатот А555.
Разбивање на митот за Хитлер
Историчарите потенцираат дека митот оти Адолф Хитлер ја наредил изградбата на првиот автопат во Германија е токму тоа- мит. Автопатот на претходната фотографија (А555) е проект инициран од тогашниот градоначалник на Келн, Конрад Аденауер.
Автопатот 1- шампион
Националните статистики откриваат дека Австралија го има најдолгиот автопат. Нејзиниот Национален автопат (познат и како Автопат 1) е во должина на целиот континент, со вкупно 14 илјади километри.
Извонредна мрежа
Германија, од друга страна, е позната по најгустата мрежа на автопатишта во светот со вкупна должина од 13 илјади километри. Иако тоа претставува само 6 проценти од сите патишта во земјата, речиси една третина од севкупниот сообраќај се одвива по автопатиштата.
Воведување на патарина
Германскиот министер за транспорт Александер Добринт се надева дека воведувањето на патарините ќе донесе околу 500 милиони евра годишно во државната благајна. Противниците на проектот велат дека тоа е мит, имајќи ги предвид огромните трошоци за инфраструктурата потребна за собирање на патарините.