Мицковски бара притвор за Јанева и оставка од владата
16 јули 2019Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „пипците на криминалниот октопод оддат до врвот на власта“, многу „погоре од двајцата осомничени кои се жртвени јагниња“, во случајот „Рекет“ кој вчера го обелодени Јавното обвинителство. Мицкоски денеска изјави оти не верува дека целиот случај бил можен „без поддршка од врхушката на власта“.
Вчерашната акција ја третира како „обид да се спасат вистинските нарачатели и да не се дознае каква монструозна гарнитура владее со земјата“. Јавното обвинителство, според него, не работи независно.
Мицкоски бара притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева и за сите други вмешани во, како што го нарече, „криминалниот октопод“.
Мицкоски потсети дека и тој бил уценуван од Јанева пред неколку месеци кога од него, наводно, барала да даде поддршка за Законот за јавно обвинителство во замена за одмрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски ја одби поканата на премиерот Зоран Заев за лидерска средба во петок со образложение дека на неа нема да се разговара за најпотребната точка, а тоа е датум за предвремени парламентарни избори.