1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: на Македонија и се случи црн петок

БГ
20 октомври 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски вечерва соопшти дека седумте пратеници кои гласале за поддршка на уставните измени се исклучени од партијата. Смета дека државата е изневерена

https://p.dw.com/p/36rf9
Mazedonien Hristijan Mickoski, Generalsekretär der Oppositionspartei VMRO-DPMNE
Фотографија: Petr Stojanovski

Акт на насилство и најцрниот ден за демократијата во Македонија. Ова е оценката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој тој го соопшти на полноќната прес-конференција. 
„Ова денес е акт на насилство на државата, поддржана од структури кои решија да работат во нивна полза. Зоран Заев на сила пристапи кон преименување на државата и реализација на договор со кој се губи името Македонија и се губи идентитетот“, рече Мицкоски. 
„Денес во Република Македонија се случи тажен ден, црн петок, најцрниот петок во демократијата на современа независна Република Македонија“. 
Мицкоски обвини дека власта спроведувала силни притисоци и закани кон пратениците на опозицијата, и им ветувала ослободување од обвиненијата на оние кои се „дел од прогон кој има политичка намена“. 
Сепак, рече дека не може да им прости на седуммината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени, и соопшти дека тие се експресно исклучени од партијата. 
„Оние осум пратеници без оглед што се опфатени со политички прогон и што над глава им висат сериозни обвиненија, можеби некој има разбирање, но јас како човек не можам да ги оправдам“. 
„Оние седум на ВМРО-ДПМНЕ ме разочараа мене, а пред се партијата и татковината и ќе треба со тоа да живеат. Вечерва Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вонредна седница и на мој предлог едногласно усвои исклучување на овие седум пратеници“, рече Мицкоски. 
Напомена дека имало и други пратеници кои исто како и оние што гласаа „беа опфатени со политички прогон, но се одважија и гласаа согласно партискиот став и согласно волјата на граѓаните“. 
На крајот, Мицкоски го обвини Заев дека сакал да избега од избори и му порача дека „кога тогаш ќе го победи на избори“ 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема