1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицотакис: Ципрас не смееше да признае македонска нација

Јанис Пападимитриу
10 ноември 2018

Во интервју за Дојче веле, грчкиот опозициски лидер и претседател на Неа Демократија Кирјакос Мицотакис ја критикува владата на Алексис Ципрас поради признавањето на македонска нација

https://p.dw.com/p/37ys0
DW-Interview Kyriakos Mitsotakis, Oppositionsführer Griechenland
Фотографија: DW/D. Papamitsos

Лидерот на Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис вели дека за него и неговата партија останува неприфатливо признавањето на македонската нација и македонскиот јазик со Договорот од Преспа. Во разговор за ДВ, Мицотакис предупредува дека доколку актуелната грчка влада не успее да го ратификува договорот во актуелниот парламентарен состав во Атина, тоа нема да се случи со евентуален нов состав по избори. 
Најголемиот проблем за Мицотакис е „македонскиот иредентизам“.
„Нашиот голем проблем со овој договор е што поврзувањето на сите негови елементи го зајакнува ткн. 'македонски' иредентизам“, вели Мицотакис. 
„Јас тука не мислам само на името. Мислам во прва линија на прашањата како јазикот и една македонска нација, кои преку овој договор- за првпат во историјата на преговорите со соседната земја- се признаваат. Во тој поглед господинот Ципрас го премина Рубикон. И признавањето на една македонска нација, како што се предвидува со овој договор, за нас е многу проблематично“, оценува грчкиот опозициски лидер. 
Тој уште еднаш повтори дека неговата партија нема да гласа за Договорот од Преспа во грчкиот парламент. 
„Неа Демократија нема да го ратификува овој договор кога тој ќе дојде пред парламентот. И ние тој договор нема да го ратификуваме доколку, од било која причина, падне владата и договорот биде претставен дури по новите избори“, изјави Мицотакис за ДВ.