1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите маршираа за чист воздух

БГ
20 декември 2019

По вторпат за неколку недели илјадници луѓе излегоа на улиците на Скопје барајќи од владата мерки за намалување на загадениот воздух. Владата ги прифаќа барањата, но не ни реализира, критикуваат активистите.

https://p.dw.com/p/3VAXy
Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Неколку илјади, претежно млади луѓе вечерва маршираа низ улиците на Скопје извикувајќи „Сакаме воздух“ и „Нема воздух, нема мир“. Демонстрантите побараа од владата и надлежното министерство да преземат итни мерки за намалување на загадувањето. Од невладините организации кои го организираа протестот порачаа дека владата има рок до 31 декември да ги исполни барањата кои и беа претставени на почетокот на месецов.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Активистите велат дека владата само формално ги прифаќа нивните барања, но не прави ништо конкретно за нивна реализација.
Протестот започна пред министерството за животна средина, а маршот финишираше пред владината зграда каде на демонстрантите им се обратија и неколкумина еколошки активисти. 

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Голем дел од младите на протестот дојдоа со маски за дишење а на транспарентите доминираа критични пораки кон надлежните: „Ќе поцркаме“; „Не се дише“; „Доцнев на прв час, се изгубив во смогот“; гласеа дел од нив. Впечаток е дека меѓу демонстрантите најбројни беа средношколците.
Со исклучок на мала група млади кои се обидоа на протестот да му дадат политичка нотка скандирајќи „Никогаш северна, само Македонија“, останатите беа фокусирани на проблемот со загадувањето.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Политичките препукувања сепак не изостанаа, но беа фокусирани на социјалните мрежи и во редовните преписки меѓу партиите од власта и опозицијата.

Уште претпладнето, откако средношколците од „Никола Карев“ одлучија да ја бојкотираат наставата, се разгоре дебата околу потегот на директорката на училиштето која се обиде да им забрани на учениците да протестираат. Таа беше експресно сменета од функцијата од градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Nord-Mazedonien: Umweltproteste in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули вечерва на „Телма“ изјави дека во изминативе два месеца загадувањето на воздухот во Скопје било најмало во последните десет години.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ говорат за „енормно загадување на воздухот“ и најавуваат дека ќе поднесат информација на таа тема до Собранието.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема