Монти го претстави новиот состав на кабинетот
16 ноември 2011По разговорите со претседателот на земјата Џорџо Наполитано, на која ја претстави својата програма, Монти изјави дека тој самиот ќе биде надлежен и за министерството за економија. Шефот на банката „Интеза Санпаоло“, Корадо Пасера, треба да биде нов министер за инфраструктура и индустрија. Владата на Монти се состои исклучиво од експерти. За новиот кабинет парламентот треба да се изјасни до петок. При претставувањето на својот кабинет, Монти изјави дека сака да даде импулс на економскиот раст на Италија. Тој го изрази надеж дека неговата нова влада од технократи ќе ја врати довербата на пазарите во Италија и ќе ја смири напнатоста во италијанската политика. Освен тоа, новиот премиер изрази почитување кон претходникот на оваа функција Силвио Берлускони.
Автор: ЕМФ/дв/миа
Редактор: Борис Георгиевски