1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Исток и Запад- два погледа на реалноста

Борис Калноки
8 септември 2018

Луѓето од поранешниот источен блок се поинакви од оние на Запад: пореалистични се. Како „Источноевропејците“ така и „источните Германци“. За нив идеализмот на Западот е капија на пеколот, пишува Борис Калноки.

https://p.dw.com/p/34UeN
Boris Kalnoky
Фотографија: privat

Секој  во Саксонија кој во моментов гледа или чита (западно) германски медиумски извештаи за својата татковина, може да се чувствува како ние во Унгарија, кога германските медиуми пишуваат за нашата земја: имено, се дознава повеќе  за менталната состојба на авторите отколку за земјата. „Источните Германци" стана сличен презирлив поим како „Источноевропеец“. Оние на Истокот, така може да се прочита меѓу редови, се различни. Или поинаку, тоа е лошо, затоа што мора да се биде како „Западњаците“.

Оние на Истокот се ментално и морално заостанати, глупави или зли, или и двете. Послушни кон авторитети, отуѓени од демократијата, расистички и ксенофобично настроени. „Источните Германци" и „Источноевропејците“ сè уште треба многу да учат додека не бидат просветени како авторите на соодветните статии. И веројатно тие се толку исполнети со омраза (значи зли), бидејќи  го занемариле „соочувањето со минатото" и ментално и натаму живеат во комунистичка или дури и фашистичка диктатура. Најдоброто нешто што се кажува и пишува за нив е дека тие имаат „стравови“  кои треба да се „сфатат сериозно“. Но, конечни, тие имаат стравови  само затоа што се премногу глупави да сфатат дека всушност нема вистински проблем, освен можеби нивните сопствени расистички рефлекси. Малку превоспитување преку „дијалог" би морало да помогне.

Истокот-повеќе од само различен

Тоа не е нова нарација, напротив. Она што е ново е слична дебата тука во Унгарија: Зошто Западноевропејците се толку идеолошки заслепени  што повеќе не можат да ја видат шумата од бројните дрвја? Дали се жртви на сеопфатно перење на мозоци, или зошто пишуваат такви монотони нешта кои се толку оддалечени од реалноста? Накратко - дека ние на Истокот различно функционираме отколку оние на Запад, тоа во меѓувреме стана тема и кај нас. Но, дали сме ние „Источњаците“ во кои се во грешка или пак се тоа „Западњаците“? Колку сме различни и зошто?

Deutschland AfD-Kundgebung und Gegenproteste in Chemnitz ziehen tausende Demonstranten an
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Да, луѓето од поранешниот источен блок израснаа поинаку од оние на Запад. Секогаш знаеле дека нивните медиуми и политичари лажат, бидејќи живееја во  диктатура. Затоа нивните рефлекси се инстиктивно скептични кон медиумите и критички настроени кон владата. Тоа е спротивно од слепата послушност кон власта, бидејќи секогаш се подразбира дека владата ја замаглува вистината и оти претставува опасност. Луѓето се фрустрирани и трпат, бидејќи не сакаат да се вовлечат во неволја.

Тоа оди добро сѐ додека со земјата се владее технички прифатливо. Но, кога се владее некомпетентно, кога ќе се случи нешто како политиката на добредојде на Ангела Меркел од 2015 година, или кога колабира економијата, како во доцната фаза на комунизмот- тогаш незадоволството може да стане толку големо, и да доведе до експлозија. 

Сфаќање на светот преку сопственото опкружување

Со оглед дека на Истокот секогаш се поаѓа од тоа дека политиката и медиумите не информираат коректно, луѓето се информираат на поинаков начин. Соседите, пријателите, пријателите на пријателите- многу повеќе отколку на Запад, На Истокот за она што се случува се говори многу повеќе до луѓето кои ги познавата и пото врз основа на тоа се носат заклучоци за реалноста. Ние светот го сфаќаме преку она што се случува во нашето опкружување и не ја прифаќаме интерпретативната нарација на „оние горе“.

Кога мигранти малтретираат нечии деца во училишниот двор, кога сексуално вознемируваат жени- кај нас на „Истокот“ веста за тоа брзо ќе се прошири, дури и кога нема да биде покрената истрага, дури и ако не се појави во медиумите. И ние вообичаено имаме и многу јасно мислење за тоа што се случило, имено дека проблемот не сме ние, туку тие мигрантите- и оние политичари кои ги пуштиле во земјата. Тоа е исправно, иако мнозинството мигранти се сосема пријатни и нормални луѓе. 

Deutschland AfD-Kundgebung und Gegenproteste in Chemnitz ziehen tausende Demonstranten an
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

„Западњаците“ и нивните идеали

„Западњаците“ меѓутоа светот го гледаат во светло на идеалите кои им ги пренеле авторитетите- наставниците, политичарите, медиумите. Тука не станува збор за реалноста, туку за „вредностите“, задоцнети последици на движењето од 68-та кои трајно го обликуваа идејниот свет на Западор: Сите луѓе се исти. Резервираноста кон луѓето од други земји е расизам. Религијата е проблем. Гордоста и љубовта кон својата земја е национализам.

Ние на Истокот поинаку гледаме на тоа. Луѓето не се исти и народите на светот не се „браќа“. Политиката никогаш не е „солидарна“, туку се бори за моќ и интереси. Овие фрази ги знаеме од паролите на комунистичката диктатура. Знаеме дека се шупливи. Луѓето на Истокот ги интересира реалноста, додека оние на Запад реалноста сакаат да ја прилагодат на своите „вредности“ и поради тоа често и воопшто не ја препознаваат како таква.

И затоа ние во Унгарија, источните Германци во Кемниц ги гледаме вака: источните Германци останаа нормални, тие се како нас, и на убиство на граѓанин реагираа, како што би реагирале и ние- со без и разбирање кон политиката, која сето тоа им го донесе на граѓаните.

Борис Калноки, роден 1961 година, е дописник од Унгарија за германскиот весникВелт“ и други германски медиуми. Тој е автор на книгата „Земјата на предците“  (2011), во која е  опишана неговата потрага по своите предци, меѓу другите царскиот и кралевски министер за надворешни работи Густав Калноки.