1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повлечи-потегни за БиХ

Норберт Мапес-Нидик
18 декември 2021

Босанските Срби нема да се отцепат и нема да има војна за Босна и Херцеговина. Но, и покрај тоа, политиката на ЕУ кон Балканот мора да застане на нозе, смета новинарот Норберт Мапес-Нидик.

https://p.dw.com/p/44T0f
Милорад Додик, силниот човек на српските националисти во БиХ
Милорад Додик, силниот човек на српските националисти во БиХФотографија: AP Photo/picture alliance

Во наредните шест месеци Република Српска сака да се повлече од институциите на заедничката држава, па дури и од армијата. Тоа го одлучи парламентот во Бања Лука и оттогаш владее алармантно расположение. Дали Милорад Додик, моќниот човек на босанските Срби таа објава ќе ја преточи во дело? Која е целта? Дали е ова почеток на ескалација? Ќе има ли повторно војна?

Сите овие прашања се погрешни. Плановите, целите, продорите, дури и емоциите кои се побудуваат меѓусебно се странски политички модел кој таму се развива во последните 25 години. Партиите одат чекор напред, чекор назад, а растојанието останува секогаш исто. Ова е принцип на влечење на јаже, постојано влечење и не попуштање ниту сантиметар, а нозете цврсто да се закопаат во земја. Тоа се основните техники на оваа спортска дисциплина, кои ги применуваат тамошните политичари.

Оној кој владее со таа техника, тој добро се подготвил за политика во Босна и Херцеговина. Но, за разлика од спортот, во тамошната политика нема ознаки кои покажуваат кога еден од натпреварувачите победил. Натпреварот постојано продолжува. Екипите во влечење јаже се поставуваат по јасен принцип. Како прв, очи во очи со противникот, може да стои и најслабиот, но кој знае опасно да ги покаже забите. Милорад Додик, српскиот член на тричленото Претседателство на БиХ, е идеален за оваа позиција.

Sarajevo, Bosnien-Herzegovina | neuer hoher Repräsentant Christian Schmidt
Кристијан Шмит, високиот претставник на меѓународната заедница за БиХФотографија: Dado Ruvic/Reuters

Противник без упориште

Неговиот пандан од другата страна е високиот претставник во Сараево, Германецот Кристијан Шмит. Неискусен, неупатен во земјата и без поддршка - ни во Советот за имплементација на мирот, кој е формално надлежен за БиХ, ни во Советот за безбедност на ОН, а нема ни дипломатска поддршка од сопствената земја, која, по промената на власта во Берлин, уште се престројува.

Повеќе: БиХ: Блага реакција на одлуката на Република Српска - санкциите уште се во фиока

Во повлекувањето на кажето речиси и да нема трикови, освен еден - ако тренерот забележи кај противничкиот тим недостаток на концентрација, тогаш јажето може да се повлече наго и со сета сила. Ако едната страна некогаш има шанса со цврст потег да освои еден метар предност, тогаш е тоа во тој момент.

На крајот на јажето - Путин

Кога станува збор за втората позиција во екипата, партијата на босанските Срби не мора да стравува. Веднаш зад Додик е Александар Вучиќ, претседателот на Србија. А, без негова поддршка босанските Срби не би се осудиле на тој чекор. Директниот противник на Вучиќ е Европската комисија, која во балканските работи го загуби компасот растргната меѓу контрадикторните решенија од Берлин, Париз и од Будимпешта.

Претседателите на Русија и на Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ
Претседателите на Русија и на Србија, Владимир Путин и Александар ВучиќФотографија: picture-alliance/TASS/M. Metzel

Најсилниот човек во таквите борби, по можност, стои на крајот. Рускиот претседател Владимир Путин може само да профитира од превирањата во Босна и Херцеговина. Тој, на ЕУ не само што може тоа да и' го демонстрира на Балканот, туку и директно да ја ослаби. За разлика од Украина, тој не мора поради Босна да стравува од контрамерки како санкции или губење на престижот во случајот со Белорусија.

Повеќе: САД, ЕУ и пироманите во БиХ

Најсилен играч на другата страна е американскиот претседател Џо Бајден, кој едвај и да се интересира за југоисточна Европа. САД се концентрираат на Кина, а наскоро, по сила на околностите, и на Украина. А, по срамот во Авганистан, никој не верува дека својата сила би можеле да ја употребат во други региони во светот.

Рок од шест месеци

Западот има само 6 месеци да се прегрупира и да формира силна потпора. Тешко дека Вашингтон дотогап ќе се рехабилитира. Но, барем ЕУ би моќжела повторно да стане на нозе. Правно гледано, позицијата на босанските Срби е неодржлива: „согласувањето“ на зедничките институции од кои сега би требало да се „повлечат“ не е потпис под некој договор кој е можно да се раскине. Наместо тоа, одобрувањето на Парламентот на РС е повеќе резултат на задолжителни уставни одредби.

Ако тие уставни одредби се прекршат, мора да дојде до санкции. За тоа постои широк спектар инструменти: се тргнува од повлекување на Европската инвестициска банка, до исклучување на српските банки од меѓународниот платен промет.

Американскиот претседател Џо Бајден
Американскиот претседател Џо БајденФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

И Белград е, исто така, чувствителен на притисок. Не само што Србија од ЕУ добива предпристапна помош за своите реформи, туку и седиштата на најголемите инвеститори се всушност во Европа, а не во Кина, а не пак во Русија. Претседателот Вучиќ вешто политички балансира меѓу Москва и Брисел. Ако ЕУ му го заврти грбот, нема друго туку да се упати во руската орбита. Тоа никако не се добри изгледи за амбициозниот шеф на државата. Тој го губи своето комфорно поле на делување и станува некој кој само извршува наредби. Па, и повеќе од тоа: би морал да гледа како блиските олигарси на Кремљ ја грицкаат неговата база на моќ. Вртењето во орбитата на Путин би било вистински хорор и за српското општество, кое ни од близу не е толку русофилно, како што тоа го сугерира пропагандата на Вучиќ. И Слободан Милошевиќ беше зрел за пад кога посака да ја поведе својата земја во Путиновата „Евроазиска економска унија“.

Европа сѐ уште го држи јажето во раце. Би морала да го повлече.

 

Норберт Мапес-Нидик
Норберт Мапес-Нидик Норберт Мапес-Нидик, 1953, е германски новинар и автор на повеќе книги за Балканот.