1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Мртви и повредени во напади во германскиот град Ханау

БГ/ ДПА
20 февруари 2020

Во два напади кои се случија во градот Ханау во близина на Франкфурт има бројни жртви и повредени. Полицијата спроведува масовна акција за пронаоѓање на напаѓачите. Мотивот засега непознат.

https://p.dw.com/p/3Y1he
Deutschland Bluttat in Hanau | Mehrere Tote durch Schüsse
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Непознати напаѓачи пукале врз гости во два ткн. „шиша“ барови во германскиот град Ханау. Според најтиражниот германски весник Билд, во нападите загинале најмалку 8 луѓе. Полицијата засега нема точна бројка на загинати и ранети, ниту објаснување за мотивот на нападот.
Најпрво бил нападнат бар во центарот на градот, а напаѓачот или напаѓачите потоа пукале во уште еден бар во друга градска населба.
Ханау е град од 100 илјади жители во близина на Франкфурт.
Локалните медиуми јавуваат за масовно полициско присуство во градот кој го надлетуваат и хеликоптери.

Полицијата досега ја потврди информацијата за повеќе повредени, но не и за жртви во нападот. Она што е досега познато е дека напаѓачите пукале од автомобил во движење.