1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Намалена казната на Краишник - жртвите огорчени

Самир Хусеиновиќ18 март 2009

Одлуката на Хашкиот трибунал да му ја намали за седум години казната на поранешниот претседател на Собранието на Република Српска, Момчило Краишник, предизвика поделени реакции во БиХ.

https://p.dw.com/p/HEgg
Момчило Краишник во судот во Ден ХаагФотографија: AP

Хашкиот суд на 17.03.2009 донесе одлука да му ја намали казната затвор на Момчило Краишник од 27 на 20 години затвор.

Во првата реакција на пресудата за поранешниот претседател на Собранието на Република Српска, Момчило Краишник, претседателката на босанската секција на Друштвото на загрозени народи, Фадила Мемишевиќ изрази „големо разочарување“. Од ова здружение планираат да испратат протест до Хашкиот трибунал поради намелената казна за Краишник.

„Момчило Краишник, кој беше дел од естаблишментот на Радован Караџиќ и кој беше инспиратор на геноцидот и масовното протерување, но, и инспиратор на поделбата на Босна и Херцеговина, со намалувањето на казната е помилуван. Тоа е навреда за жртвите“, вели Мемишевиќ.

Serbien will Karadzic an UN-Tribunal überstellen
Радован Караџиќ во времето кога Момчило Краишник му беше близок соработник - Бања Лука 1995 годинаФотографија: picture-alliance / dpa

Не навлегувајќи во проценките на пресудата, аналитичарот од Бања Лука, Гостимир Поповиќ трвди дека многумина во Република Српска сметаат дека Хашкиот трибунал не си ја извршил својата задача и поголемиот дел од Србите не му веруваат на судот.

„Пресудите на Хашкиот трибунал во иднина ќе бидат предмет на многу анализи и пример како некоја организација не треба да работи,“ вели Поповиќ. Тој тврди: „Овде има донесени пресуди врз основа на најблаго речено лажни сведоштва, имаме неверодостоен пристап за настаните во регионот и во таа смисла можеби би било најдобро овој трибунал да се заборави и повеќе да не се зборува за него.“

Избалансирани казни?

Претседателот на Сојузот на здружението на логорашите од Република Српска, Бранислав Дукиќ смета дека Хашкиот суд е политички, а не суд на правдата. Претседавачот на колегиумот директори на Институтот за исчезнати лица во Босна и Херцехговина Амор Машовиќ пак вели дека казните во овој суд често се изрекуваат за да ги задоволат и жртвите и злосторникот. „И оваа пресуда е доказ дека жртвите ја плаќаат цената на неодлучноста на Обединетите нации да истраат во реализација на правдата,“ вели Машовиќ. Тој додава дека сепак и казната од 20 години е еден вид доживотна казна за Краишник, човекот кој како што вели, имал важна улога во осмислувањето на геноцидот и другите злосторства во Босна и Херцеговина.

Јавноста во Босна и Херцеговина е поделена во однос на пресудата за Момчило Крашник. Граѓаните во Босна и Херцеговина, а особено од Република Српска сметаат дека Хашкиот суд е подложен на политичко влијание.