Наместо карневал, во Келн демонстрација за мир во Украина
28 февруари 2022Келн го откажа годинешниот карневал, а наместо тоа луѓето се одѕваа на повикот да демонстрираат за мир и демократија и поддршка на Украина по нападот врз неа од страна на Русија. Според Карневалскиот комитет, на манифестацијата учествуваат најмалку 150.000 граѓани.
„Господине Путин, прекинете го лудилото, прекинетет ја војната“, повика претседателот на карневалот, Кристоф Кукелкорн. Непартиската градоначалничка на Келн, Хенриете Рекер, изрази безгранично восхитување како за Украина, така и за храбрите антивоени демонстранти во Русија.
Костимирани и некостимирани граѓани продефилираа низ улиците на Келн, многумина со украински знамиња и транспаренти со пораки: „Драг руски народе, бидете Руси, а не Путинци“, пеејќи песни како „Сите луѓе ќе бидат браќа“.
На мировниот марш учествуваше и покраинскиот премиер на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вист.
Традиционалниот келнски карневал поради пандемијата на коронавирус требаше да се одржи на фудбалски стадион, но карневалистите поради настаните во Украина решија наместо славје да организираат мировна манифестација низ улиците на Келн.