НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина
12 јуни 2018Европската Комисија, НАТО и Германија јавно им честитаа на владите во Скопје и Атина за постигнатиот компромис во деценискиот спор за името, нарекувајќи го истиот „историски“.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им честиташе и им се заблагодари на премиерите Заев и Ципрас за решавање на спорот „кој предолго го оптоваруваше регионот“ и ги повика обете земји да го финализираат договорот.
Шефицата на ЕУ дипломатијата Фредерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан во заедничка изјава порачуваат дека „од срце им честитаат на премиерите Заев и Ципрас за нивната одлучност и лидерство во постигнувањето на историскиот договор... кој помага во трансформацијата на целиот регион на Југоисточна Европа“.
Могерини и Хаг велат дека сега очекуваат од Советот на ЕУ „да ја прифати нивната препорака за одредување датум за почеток на преговори со пјр Македонија во јуни“.
„Тоа не само што е заслужено, како признание за значајните реформски резултати на земјата, туку клучно ќе придонесе за целосна имплементација на договорот во интерес на обете земји, на регионот и на Унијата во целост“, се наведува во нивната изјава.