1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

НАТО „преживеа“ и покрај навредите и обвинувањата

БГ /РТР
4 декември 2019

Лидерите на земјите-членки на НАТО успеаја да ги надминат јавните навреди и да објават дека остануваат обединети против заедничката закана од Русија и да се подготват за растечката Кина.

https://p.dw.com/p/3UF4B
UK NATO Gipfel | Gruppenbild
Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS/S. Craighead

Претставниците на НАТО инсистираат дека самитот во Лондон бил успешен: особено фактот што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се повлече од заканата да ги блокира плановите за одбрана на балтичките држави доколку сојузниците не се согласат да ги прогласат курдските борци во Сирија за терористи.

Но самитот започна и заврши со скандали- изненадувачки дури и во ерата на Доналд Трамп кој на доаѓање ги нарече коментарите на францускиот претседател „гадни“, и си замина со опис на канадскиот премиер како „дволичен“.

„Успеавме да ги надминеме несогласувањата и да продолжиме да ја исполнуваме нашата основна задача за меѓусебна заштита и одбрана“, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на завршната прес-конференција.
Во заедничката декларација, 29 лидери на Алијансата соопштија:
„Руските агресивни акции претставуваат закана за евро-атлантската безбедност; тероризмот во сите негови форми и манифестации останува постојана закана за нас“.

И покрај кавгите, од НАТО велат дека биле донесени важни одлуки, меѓудругите и и договор за заштита на комуникациите, вклучително и за новите 5Г мобилни мрежи. Американскиот претседател Трамп особено инсистираше да се забрани опремата за 5Г на кинескиот Хуавеи.
Франција и Германија добија поддршка за барањето да се направи стратешки преглед на мисиите на НАТО, и анализа за стратешко репозиционирање на Алијансата која треба да ја изработи група на експерти.