По повеќе од две децении од крајот на босанската војна, Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија му изрече казна доживотен затвор на босанско српскиот екс-генерал Ратко Младиќ поради геноцид, воени и злосторства против човештвото. Одбраната на Младиќ најави жалба на пресудата.