Најголемите спортски соочувања во историјата
Возбудливото соочување помеѓу шахистите Магнус Карлсен и Сергеј Карјакин е дел од листата на најважните спортски соочувања. Од незаборавните боксерски борби до улиците на Париз.
Борба на шаховската табла
Магнус Карлсен (десно) е генијалец. Норвежанецот е еден од најдобрите шахисти на сите времиња, но Русинот Сергеј Карјакин за малку ќе го победеше на светскиот шампионат во шах во 2016 година. „Тоа беше најтешкото Светстко првенство за мене до сега“, изјави Карлсен. Победата ја извојува откако шампионот успеа да победи 3:1 во меч кој предизвика претходно невидено медиумско внимание.
Најдолгата минута
90.000 обожаватели на Камп Ноу и повеќе од една милијарда гледачи го следеа еден од најдобрите фудбалски натпревари во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година. Баерн Минхен поведе со 1-0 против Манчестер Јунајтед. Следуваше изведување на корнер и Теди Шерингам израмни на 1-1. Повторно корнер. Овој пат Оле Гунар Солскјер и ги скрши баварските срца со голот за 2-1 водство на Манчестер.
Најголемото враќање на Вимблдон
Овој меч ги изненади сите. Финалето на Вимблдон во 2008 година е еднa од најлегендарните спортски битки на сите времиња и еден од најдобрите тениски натпревари. Рафаел Надал (на сликата) заостануваше два сета против Роџер Федерер. Шпанецот возврати жестоко и по петчасовната борба, Надал го победи Швајцарецот.
Трка за слава
Оној кој сака да победи, мора да го посакува тоа повеќе од другиот. Трката помеѓу Михаел Шумахер (десно) и Дејмон Хил во Формула 1 е совршен пример за тоа. Во трката за големата награда на Аделејд, Австралија во 1994 година победи Германецот. Нивните болиди се судрија по што и двајцата беа надвор од трката. Пред медиумите Хил го нарече Шумахер „измамник“, но на крајот Шумахер беше шампионот.
За малку...
Трката на 400 метри е натпревар помеѓу осуммина, но на Олимписките игри во Рим се сведе на трка помеѓу двајца. Репрезентативецот на западна Германија Карл Кауфман направи неверојатен камбек против Отис Дејвис од САД. Иако Дејвис водеше со комфорна предност, Кауфман успеа да му се приближи по се фрли кон целта. Сепак, фото-финишот покажа дека Дејвис прв ја преминал целта за неколку сантиметри.
Трилер во Манила
Двајцата спортски херои кои не можеа да се поднесат се натпревуваа на неутрален терен. Зарем тоа не е гаранција за легендарен боксерски меч? Во 1975 година, во Манила. Мухамед Али (лево) по трет пат се бореше против Џо Фрејзер. Билансот од претходните меѓусебни борби изнесуваше 1-1 и третата борба требаше да биде решавачка. Бруталната борба бараше целосна посветеност, на крајот победи Мухамед Али.
Чудо на мраз
Во 1980 година, Студената војна достигна тензично ниво. Покрај меѓусебните политички и воени закани, САД и СССР се соочија на мразот на Зимските олимписки игри. Советскиот тим претходно освои шест од седум златни медали, но зачудувачки, универзитетските аматери од САД им се спротивставија на фаворитите и победија со 4-3.
Тенис - игра на умови
Големите тениски соочувања не се случуваат само во финалните натпревари. Соочувањето на Борис Бекер (десно) и Џон Мекинро е дел од тениската историја. Во јули 1987 двајцата одиграа неверојатен меч кој траеше шест часови и 39 минути (4:6, 15:13, 8:10, 6:2, 6:2).
Пријател или противник?
Шампионатот во Формула 1 во 1989 година се сведе на натпревар помеѓу тимските колеги. Трката за големата награда на Сузука помеѓу возачите на МекЛарен, Алан Прост и Аиртон Сена беше многу блиска. Болидите на двајцата возачи се судрија. Прост остана надвор од трката, а Сена победи. Сепак, подоцна Сена беше дисквалификуван, а на крајот Прост ја славеше титулата.
Рамо до рамо на Елисејските полиња
Во историјата на велосипедската трка „Тур Д Франс“ не се памети толку блиска победа како онаа во 1989 година. Французинот Лорен Фињон (десно), на почетокот на трката го носеше жолтиот дрес на патот кон Париз, но на крајот тој премина во рацете на американскиот велосипедист Грег Лемонд. По извозени 3.285 километри, на врвот ги делеа само 8 секунди.