Единството или распадот на Европската Унија зависат од тоа како ќе се одговори на прашањето на миграцијата, смета германската канцеларка Ангела Меркел. Во обраќањето пред пратениците во германскиот Бундестаг, таа денеска потенцираше дека и во Германија мора да се постапува решително против силите кои се обидуваат да изолираат одредени групи во општеството.