Ниту еден глас против Ши Џинпинг
17 март 2018Кинескиот лидер Ши Џинпинг беше едногласно реизбран на функциите претседател на Народна Република Кина и претседавач на државната воена комисија. Сите 2970 членови на Народниот конгрес гласаа за 64-годишниот Ши.
Во минатата недела Народниот конгрес го укина ограничувањето на владеењето на шефот на државата на два петгодишни мандати, така што Ши сега би можел доживотно да остане претседател на Кина . Централниот комитет на Комунистичката партија предложи укинување на ова ограничување. Затоа, последното гласање на парламентот чиј состав не е изгласан на избори важеше за чисто формалност. Народниот конгрес, имено никогаш досега во својата историја, не отфрлил предлог на комунистичкото раководство.Кина пред епохален чекор - неограничен мандат за Ши Џинпинг
Повеќе:
-Кина пред епохален чекор - неограничен мандат за Ши Џинпинг
Кина: Ши Џинпинг се промовира во доживотен лидер
2970-пати „Да“ за Ши Џинпинг
Но тоа што реизборот на Ши, беше дури и едногласно усвоен, беше невообичаено, бидејќи инаку секогаш имало мал број гласови против и воздржани. И самиот Ши во 2013 година беше избран за претседател на државата со еден глас против и три воздржани. Народниот конгрес исто така ја втемели политичката стратегија и филозофија на Ши во Уставот на земјата
64-годишниот Ши веќе се смета за најмоќен политичар во Народна Република Кина во последниве децении. Откако ја презеде функцијата, консеквентно го зацврстуваше своето влијание во државата и во партијата. Покрај функцијата шеф на државата, тој исто така ги држи и функциите на генералниот секретар на Комунистичката партија и врховен командант на кинеската армија.