Нов напад во Авганистан врз странски војници
6 октомври 2007Реклама
Атентатор самоубиец во авганистанскиот главен град Кабул изврши напад врз странски војници. Притоа загинаа еден американски војник и двајца цивили. Освен тоа, повредени се седуммина Авганистанци. Вчера, во напад на атентатор самоубиец врз конвој кај градот Кундус беа повредени тројца војници на германскиот Бундесвер и еден преведувач Авганистанец.