1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови бегалци пред Лампедуза

АТ/ афп24 август 2014

Италијанската морнарица денеска пронајде 73 луѓе и 18 мртви тела на еден бегалски брод пред брегот на Лампедуза. Од петокот до денеска (24.08) се спасени повеќе од 3.500 бегалци.

https://p.dw.com/p/1Czum
Фотографија: picture-alliance/dpa

Италијанската морнарица на еден бегалски брод пред островот Лампедуза денеска пронајде 18 мртви тела. Како што известуваат италијанската новинска агенција Анса и други италијански медиуми, брод на морнарицата го открил бегалскиот чамец јужно од Лампедуза. Покрај 18 мртви тела спасувачите откриле и 73 преживеани бегалци.

Италијанската морнарица го надгледува Средоземното Море со месеци во рамките на мисијата „Маре нострум“. Оваа мисија е стартувана откако минатата година стотици луѓе се удавија во обидот да пребегаат кон Европа преку Средоземното Море. Според податоци на УНХЦР, од почетокот на годинава повеќе од 100.000 бегалци дошле преку Средоземното Море во Италија.

Само од петокот до денеска на потегот меѓу Сицилија и брегот на Либија и Тунис се пронајдени повеќе од 3.500 бегалци. Вчера италијанската морнарица и крајбрежната служба преземаа повеќе спасувачки акции.