1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Нов празничен карантин поради растот на новозаразените

БГ
3 јуни 2020

Комисијата за заразни болести денеска и предложи на владата повторно да воведе полициски час во различни делови од земјата, поради порастот на бројот на заразени од Ковид-19. Денеска бројот на новозаразени надмина 100.

https://p.dw.com/p/3dD2M
Nordmazedonien | Coronavirus | Pandemie
Фотографија: DW/Petr Stojanovski

Сите скопски општини и уште девет други во државава треба да одат во нов карантин кој ќе трае од четврток 4 јуни од 21 часот до понеделник до 5 часот. Во останатиот дел од државата полицискиот час би траел од 21 часот во четврток до 5 часот во петок, а во останатите два дена од 16 часот до 5 наутро.

Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести упатен до владата, по најновиот пораст на бројот на заразени од коронавирусот.

Во последните 24 часа во земјата беа регистрирани нови 101 позитивни на Ковид-19. Повеќе од половината- 59 се од Скопје.

Тоа беше причина попладнево да се одржи вонреден состанок на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи; заради координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.
Доколку владата го прифати предлогот, освен за сите општини во Скопје, продолжениот полициски час ќе важи и за општина Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Здравствените власти од МВР денеска повторно побарале поголема ажурност, ефективно делување на терен, контрола и санкционирање на прекршувањата на мерките, поради потешкотиите со кои се соочуваат екипите на терен во однос на пристапот до луѓе за тестирање и прекршувања на мерката за самоизолација.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема