Оли Рен : Без избеганите генерали, нема европска иднина за Хрватска и СЦГ
31 јануари 2005,, Доколку комисијата во моментов би се изјаснувала врз основа на добиените информации, не би можела да препорача почеток на преговорите со Хрватска,, нагласи еврокомесарот Рен, довавајќи дека во Брсиел се верува дека избеганиот генерал Анте Готовина се крие во Хрватска.
,,Готовина е на дофат на хрвтаските власти и тие би требало го испорачаат во Хаг,” посочи Рен, нагласувајќи дека врз основа на информациите од хашкото обвинителство во Брисел стекнале впечаток оти земјата може да направи многу повеќе околу случајот Анте Готовина.
,, Уверен дека хрватската влада сериозно ја сфатила таа задача. Во спротивно, нема да почнат преговорите за пристапот на Хрватска во ЕУ, планирани за 17-ти март,, рече еврокомесарот.
Европската комисија, за време на вчерашниот состанок на министрите во Брисел, ја потсети и Србија и Црна Гора дека треба да ги исполни ветените услови. Земјата до крајот на март треба да ја докаже потполната соработка со Хашкиот трибунал , доколку сака да се усвои таканаречената студија за изводливост, околу спогодбата за придрружување кон Унијата, потсети надлежниот еврокомесар. Најавеното предавање на обвинетиот српски генерал Владимир Лазаревиќ, според Него, не е доволно, но сепак е важен чекор напред во соработката Белград- Хаг.
За ниту за една земја од Западниот Балкан нема да има пречки за пристап во Европската Унија, доколку целосно соработува со Хаг, рече Рен, посочувајќи дека соработката со трибуналот, всушност претставува почитување на меѓународното право,.
Главната хашка обвинителка Карла дел Понте до крајот на неделата ќе дојде во Брисел, за да го информира претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо околу тоа колку балканските земји одговараат на задачите што ги поставија ЕУ и Трибуналот.