Отворен патот за нови избори во Италија
23 декември 2012Меѓународната заедница, особено кредиторите, со загриженост ги следат новите политички турбуленции во високозадолжената Италија. Нејзиниот претседател Џорџо Наполитано е искусен политичар, кој во Рим дочекал и испратил многу влади.
„Малку порано од предвиденото“ сега се потребни нови избори, ја прокоментира тој трезвено сегашната ситуација, по распуштањето на двата дома на Парламентот. Неговата одлука следеше еден ден по оставката на премиерот Монти. Новите избори треба да бидат одржани на 24 и 25 февраури следаната година.
Сите очи се вперени во Монти
Партиски неопределниот Марио Монти се повлече од функцијата кратко по изгласувањето на од него предложениот буџет за 2013 година. Неговата т.н техничка влада претходно го изгуби мнозинството во парламентот, откако поддршката ја откажа партијата Народ на слободата на поранешниот премиер Силвио Берлускони. За денеска е најавена годишната прес конференција на Монти, на која можеби ќе ги соопшти своите идни планови во однос на премиерското место на претстојните избори.
Дневниот весник „Ла стампа“ смета дека 69-годишниот политичар ниту денеска нема да ги обзнани идните амбиции. Поранешниот еврокомесар Монти може меѓутоа според различни шпекулации да цели на друга функција, се споменува меѓу другото- наследник на сегашниот луксембуршки премиер Жан Клод Јункер како шеф на Еврогрупата или функцијата на италијански претседател како наследник на Наполитано, чиј мандат завршува во мај.
Монти како анти-Берлускони?
Многумина радо би го виделе Монти на чело на коалиција на центарот против таборот на Берлускони како и против центристичката левица. Како можни сојузници се споменуваат шефот на Ферари Лука Кордеро ди Монтицемоло, како и незадоволници од конзервативниот табор на Христијанските демократи.
Нејасно е се‘ уште дали екс-премиерот, 76-годишниот Силвио Берлускони ќе остане на најавите да се кандидира за шеф на владата. Шанси за успех според сегашните анкети на јавното мислење пред се‘ има шефот на Демократската партија, Пјер Луиџи Берсани, кој може да се надева на околу една третина од гласовите.
Монти, осврнувајќи се на неговиот поминат мандат, изјави дека ја остава Италија како „подоверлива“ на меѓународната сцена. Неговите 13 поминати месеци на чело на владата биле „тешки, но фасцинирачки“, изјави тој.