1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата бара аудиенција кај Путин, Москва молчи

ЖА / агенции
3 мај 2022

Папата Франциско со предупредување до рускиот патријарх Кирил поради неговата поддршка на војната во Украина – да не презема улога на ѓаче на Путин.

https://p.dw.com/p/4Al88
Symbolbild Ukraine-Konflikt | Vatikan Papst Franziskus
Фотографија: Andrew Medichini/AP/dpa/picture alliance

Папата Франциско е подготвен да отпатува во Москва и бара средба со рускиот претседател, со цел да го убеди да ја заврши војната во Украина. Намерата му ја соопштил на Владимир Путин уште на средината на март, но досега од Кремљ нема одговор, изјавил папата за италијанскиот весник „Кориере дела сера“ во денеска објавеното интервју. Франциско и натаму инсистира на средба, но како што вели: „стравувам дека за Путин во моментов средбата ниту е можна, ниту ја сака". 

Посета на Киев  засега не е во план. „Чувствувам дека не треба да одам. Морам прво да отидам во Москва, морам прво да го сретнам Путин“, вели Фрациско во интервјуто, додавајќи – фактички, тој е само свештеник кој го прави она што може едно свештено лице – „само ако Путин би ја отворил вратата.“

На прашањето дали рускиот патријарх Кирил може да повлијае кај Путин за отворање на вратата, папата само одмавнал со глава – во март 40 минути зборувал со поглаварот на  Руската православна црква  преку видео врска. Во првите 20 минути Кирил со хартија пред себе му ги објаснил причините за војната.

Russland Moskau | Kyrill I. -  Patriarch der Russisch-Orthodoxen Kirche und Wladimir Putin
Рускиот патријарх Кирил и рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Alexander Nemenov/AFP/dpa/picture alliance

„Го ислушав и реков: ‘Од ова ништо не разбирам. Брате, ние не сме државни клерици и не треба да го користиме јазикот на политиката, туку јазикот на Исус.' Еден патријарх не смее да стане ѓаче на Путин.“

Планираната средба на папата со патријархот Кирил на 14 јуни во Ерусалим е откажана, двајцата се единствени дека во моментов таа би претставувала амбивалентен знак.

Папата Франциско во повеќе наврати ја осуди  војната во Украина  и се заложи нејзино итно завршување.