Папата Франциско на Велики Четврток служеше вечерна миса во капелата на еден од најдобро чуваните затвори во Италија. Тој им ги изми нозете на 12 затвореници, од кои двајца се тешки престапници. Исус им ги миел нозете на своите апостоли пред последната вечера, за да им покаже дека ги сака до крај, им порачал папата притоа, исто како што и тој ги сака своите верници.