1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Папата: „Сите сме во ист брод“

СН/агенции
25 декември 2020

Поглаварот на католичката црква го упати традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ во Рим. Во својата божиќна порака, Франциско опомена дека корона-вакцините треба да бидат достапни секому, особено на најранливите.

https://p.dw.com/p/3nDYg
Vatikan Petersdom Papst Franziskus Segen "Urbi et orbi"
Фотографија: Vatican Media/AP Photo/picture alliance

Во своето божиќно обраќање, не од балконот на базиликата Свети Петар, туку во Апостолската палата, поглаварот на католичката црква повика на поголема солидарност. Со оглед на пандемијата на коронавирусот, папата Франциско рече: „Со оглед на предизвикот што не познава граници, не може да се подигаат бариери“. Луѓето треба да го препознаат Бога „во болните, сиромашните, невработените, во маргинализираните, во мигрантите и бегалците“.

Ова исто така значи фер дистрибуција на вакцините и помош за економските жртви на пандемијата, рече Франциско во Ватикан. Папата се молеше за мир и за луѓето кои доживеале страдања и тешкотии од пандемијата, на пример жените кои биле жртви на семејно насилство. „Вакцините треба да бидат достапни секому, особено на најранливите, порача тој.

Vatikan Papst Franziskus Segen "Urbi et orbi"
Фотографија: Vatican Media/REUTERS

Папата повикува на решавање на конфликтите ширум светот

Покрај тоа, папата се потсети на луѓето кои страдаа од насилство и терор во воени и кризни области. Во исто време, понтифот се молеше за мир и прекин на огнот во многу земји низ светот и повика на сериозен дијалог меѓу инволвираните. Конкретно, папата потсети на конфликтите и војните во Сирија, Ирак и во Јемен. Папата исто така повика на мировни напори во Либија и меѓу Израелците и Палестинците. „Сите сме во ист брод“, рече 84-годишниот поглавар на католичката црква.

Потоа го упати традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ (за градот и за светот). Тоае еден од најважните благослови на Католичката црква. Настапот на папата беше преместен во Апостолската палата поради корона-рестрикциите. За да се избегнат гужви, безбедносните сили претходно оградија голема површина на плоштадот Свети Петар.