Парламентарните избори во Германија на 22 септември
9 февруари 2013Парламентарните избори во Германија, на кои канцеларката Ангела Меркел ќе го бара третиот мандат, ќе бидат одржани на 22 септември, официјално вчера попладнето (08.02) потврди претседателот на земјата Јоаким Гаук.
Покраините и партиите со недели претходно дебатираа околу датумот. Пред се‘ Христијанско социјалната унија (ЦСУ) притискаше за подоцнежен датум, за да постигне поголема временска дистанца од покраинските избори во Баварија. Но, против 29 септември беа некои покраини во кои тогаш веќе почнува есенскиот распуст за учениците. Според законот, гласањето треба да се одржи меѓу 28. август и 27. октомври.
Покраинските избори во Хесен се очекуваат истиот ден, на 22 осептември, додека изборите во покраината Баварија ќе се одржат една недела порано - на 15 септември.
На изборите конзервативната Христијанскодемократска унија (ЦДУ) на Маркел и нејзиниот коалициски партнер, Слободна демократска партија (ФДП), ќе се обидат да останат на власт. Нивни предизвикувачи на изборите се Социјалдемократска партија (СПД), чиј кандидат за канцелар е поранешниот министер за финансии, Пер Штајнбрик, и посакуваниот коалициски партнер- Партијата на зелените.