Пеколна ноќ во Хамбург
8 јули 2017Реклама
Анархијата во Хамбург го засени самитот на Г20. Стотици левичарски екстремисти во текот на ноќта беснееја на улиците на градот. Тие палеа барикади, ограбуваа продавници, гаѓаа полицајци со камења...
За смирување на состојбата мораа да се вклучат и специјални сили на полицијата. Беа употребени водени топови, солзавец и палки. Според полициски извори, повредени се 213 полицајци, од кои 11 тешко. Уапсени се десетици демонстранти. Состојбата се смири дури во утринските часови.