1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По изборите во Грција: Враќање кон евро-кризата?

Кристијан Улиг/Ж. Ацеска26 јануари 2015

По победата на левичарската Сириза на изборите во Грција, лидерот Алексис Ципрас сака да издејствува отпис на долговите на неговата земја и прекин со радикалниот курс на штедење. Ќе доведе ли тоа до турбуленции?

https://p.dw.com/p/1EQcy
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Алексис Ципрас по изборната победа беше воодушевено пречекан од неговите приврзеници во Атина. Сега тој треба да ги оствари дадените ветувања. Тоа предизвикува нервоза кај многумина во еврозоната. Зашто, шефот на левичарската Сириза сака наново да преговара околу стриктното штедење во неговата земја.

Но, земјата се‘ уште се наоѓа на планина долгови во висина од многу милијарди евра. Ципрас сака втор отпис на долговите. Исто така, - и крај на политиката на радикално штедење.

Многу време нема. На Грција уште од март ќе и‘ треба натамошна финансиска помош.

Пoгледнете го видеото на оваа тема:

Ќе предизвика ли Грција нова евро-криза?